Краток излет во најубавото време од годината и престој со намера да провериш „дали тука може да се живее“ – тоа се две сосема различни состојби на умот.

Првите мигови имаат својата тежина: првото кафе, првата ноќ, првиот автобус, првата прошетка. Тогаш реалноста најсилно се влива.

Миговите ќе бидат големи, без шеќер.

Ова се моите забелешки по првиот ден во Скопје.

1. Јавен превоз – прифатлив, а понекогаш и практичен.

Меѓународен Аеродром Скопје… а ЈСП завршува во Петровец. Чудна логика – неколку километри за автобус, а далеку за пешак. Има само такси и приватен бус.

Апликацијата ЈСП е јасна и удобна за користење, но за чудо Google подобро знае да посочува конекцјии.

Шоферите често запираат далеку од тротоар – спротивно од Варшава, каде гумите ги тријат по рабниците за да патници можат лесно да влезат и излезат.

Но на крај – има многу линии и брзо сфаќаш како да стигнеш брзо од А до Б.

2. Смогот – и во затворен стан.

Велат дека уште не е најлошо. Ќе се слоши. На пладне – полно сонце, но како зад магла.

Ноќе го чувствував чадот дури и во станот, со затворени прозорци.

Вториот ден малку привикнав, но кашлицата и запушениот нос останаа.

3. Ако не смогот – цигари.

Од чад не се криеш. Не во кафичи, не во кафани, ни во „просториите за непушачи“.

Пушаат деца.

Летово видов жена во театарска сала како запали електронска цигара – и никој не реагираше.

4. Осум степени тука и таму не се исти.

По излегувањето од аеродромот – 8 степени, што ги почувствував како полски 3-4.

А преку ден обратно: 8 степени овде се чувствуваат како 15 во Полска.

Тука сонцето делува поинаку. Се сеќавам – тука на 15 степени одиш во мајца, а во Поска при иста температура – со јакна.

5. Парно си има своја логика.

Првата ноќ радијаторот беше студен. Читав дека го вклучуват од 6 до 22 часот. Но ноќва беше малку топол.

Сепак, тука топлото не треба да доаѓа кога тебе ти треба.

6. Отворени сандаци и чесност.

Поштенските сандачи често се отворени, а некаде и без вратички. Секој може да земе или стави нешто – и никој не краде.

7. Лебарки.

Идеално чист стан, но најдов две лебарки – веројатно од одводот. Го затворив со тегла, па купив пена за инсекти. До сега – мир.

Слушнав дека во Скопје ова не е толку чудно. Може да се случи и во ноби згради.

8. Пазарење.

Во Веро купив намирници за 3 дена и платив 2788 денари. Во Полска за истиот период 36 ЕУР.

Велат дека тука пазарењето е магија – ќе треба да ја учам.

9. Топла вода.

Нема топла вода од градската мрежа – затоа има бојлери и мали греачи на чешмите. Во кујната водата е или студена или врела. Нема меѓу.

10. Грижата за заеднички простор.

Дури и подобри згради изгледаат како самите да се грижат за себе. Ако нешто се издраскало – нека си стои.

11. Луѓе сакаат надвор.

4 степени а надворешен терас во кафуле полн со луѓе и ниските температури не одвраќаат никого.

12. Луѓе во големи градови.

Видам истите уморни лица како во Варшава. Различни од оние во Делчево – те некој те поздравуваше, прашуваше нешто, те канеше на кафе. Во мали места полесно се зборува.

Овде можеби треба сам да чукаш.

Ова е Скопје – како што сега го гледам:

Scroll to Top