Никогаш не сум правел премногу слики и дефинитивно ја немам таа дарба. Но веќе одамна забележав дека, кога се појави тој редок поттик да притиснам копче на апаратот, најчесто произлегува од сосема секојдневни кадри: градски агли, не секогаш исчистени патишта или – ако сум надвор од градот – досадни полиња со грмушки.

Тогаш ми се чини дека во тие кадри насетувам нешто интересно, нешто што се губи во моментот кога ќе го „запрам“ времето на сликата.

Слично е и кога „патувам низ интернет“ и вниманието ми го привлекуваат обични алеи од безлистни дрвја или премини меѓу сиви згради. Можеби сето тоа е еден здив среде гласноста на светот – како кај Маџиров – следење на места каде што тишината сѐ обликува.

Пуштам тука еден пакет вакви антинстаграмски слики од секојдневното талкање по околината во последните две недели. Без потписи – фотографиите се од Кисела Вода и Центар, една вечерна од Дебар Маало и три од Чаир, вклучувајќи ја и насловната слика. За разновидност: и четири „класилни“ погледи од околината на Плоштад Македониja.

На крај, како додаток: кулите Чевахир (највисоките згради во Македонија) во светлината на утринската зора.

Scroll to Top