Зошто тука не се чувствувам толку осамен, иако сум сам?

Доволно е да пазаруваш два пати на исто место за да бидеш забележан.

Влегуваш. „Здраво, здраво“. Без глума дека сме транспарентни. „Како сте?“ „Како си?“ Тука присуство дејствува, дури и ако не си екстроверт.

Повторно среќаваш некого по пат? Се сеќавате на лицата? Понекогаш има и насмевка што значи „те гледам“. Тоа е тука почесто „дифолт модус“ отколлку во Полска.

Се подготвувам да излезам од маркетот, се обидувам да ја наместам јакната со едната слободна рака, додека другата е во лонгетата – една госпоѓа доаѓа и помага.

На касата – без притисок. Госпоѓата смирува: „Полека, полека“. И прашува дали ми треба помош.

Во друг случај, друга госпоѓа, која ја забележува лонгетата, ја зема шопинг-коичката и ги вади производите на лентата. Се бранам, велам дека не треба, дека уште ја имам здравата рака, дека се снаоѓам, се срамам. Залудно. Од другата страна на касата уште ги пакува во ќесињата. И проверува дали не е тешко, дали ќе ги донeсам покупките.

Во кафич некој праша што ѝ е на раката.

Влегувам во лифт, туѓи луѓе: „О, што се случило, падна?“

Во автобус: „Ох, дечко со скршена рака? Може ли некој да го ослободи местото?“.

Случаен кафич. Се уредувам пред да излезам. Неснаодливо ја навлекувам јакната. Се движи некако. Но еден господин од другата маса се сепнуба и веднаш станува за да помогне.

И така натаму.

Среќавам еден познаник – веројатно на прсти од една рака можам да избројам колку пати сум го видел во животот. „Ајде, да пошетаме, да седнеме малку на кафе“.

Луѓето или навистина имаат повеќе време, или едноставно посилна наклонетост да го делат времето со другите.

Не велам дека секогаш е така. Дека само ќе ѕирнеш зад вратата и во моментот започнува „социјален живот“. Не претерувајме. Градот е голем. Забрзан. И наспроти сѐ е посличен на Варшава отколку што, на пример, на Виница или Берово. Ама живеам тука едвај еден месец и статистиката ми изгледа прилично добра.

Во варшавски Рембертув од шест години пазарувам во истиот маркет. По тротоарот минуваат истите лица. Секогаш исто молчеливо. Нашиот полски „дифолт модус“ пак е „невметнување во ничиј простор“. И понекогаш тоа невметнување е престрого.

Scroll to Top